Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич ги поддржува протестите во Србија кои кулминираа завчера со упадот на демонтрантите предводени од лидерите на опозицијата во зградата на државната телевизија.

Пресинг ТВ ја праша портпаролката зошто ЕУ не го осуди упадот во кој имаше инциденти, а веднаш ја осуди групата во Македонија која на 27 април влезе во македонското собрание?

Додека правото на граѓаните да се вклучат во мирни демонстрации е и останува суштинска карактеристика и основна вредност на демократијата  треба да се почитуваат, протестите треба да останат мирни и во рамките на законот, како што беше случајот пред изминатиот викенд. Мирно и воздржано е од суштинско значење.

Парламентот е место и треба да обезбеди простор за дебати и дискусии со цел да се изнајдат заеднички решенија и да се одговори на јавните проблеми. Исто така е од суштинско значење структурен дијалог со граѓанското општество-вели Коцијанчич за Пресинг ТВ.