Иако во моментов е сосема неизвесно дека во Албанија ќе се одржат локални избори, сепак медиумите објавија денес дека пристигнал гласачкиот материјал за гласањето кое е закажано за 30 јуни годинава.

Гласачките ливчиња пристигнале од Словенија, каде биле печатени. Вкупно се испечатени 3.606,815 ливчиња, а како што пишува „Албаниан њуз“, биле платени околу 5 илјади евра..

И покрај тоа што претседателот на државата Илир Мета донесе указ за одлагање на изборите, а опозицијата категорично изјави дека нема да учествува на локалните избори, власта, пак, е решена на 30 јуни да спроведе гласање.