Албанскиот премиер Еди Рама  посочи дека криминалот во земјата бележи опаѓање, вклучувајќи го тука и бројот на убиства во последните години, кој, според Рама, е преполовен.

Статистиката е мерило за криминалот. Лани имало повеќе убиства, но сега повеќе се зборува за тоа. Во периодот јануари-септември годинава има 40 убиства, три повеќе од истиот период лани, пред две години имало 54, во 2013 година 84, додека една година претходно 92 убиства. Почната е црна пропаганда на портали и партии со идејата дека криминалот ја запоседнал државата, зашто полицијата не се борела против него ,туку била негов сојузник, изјави Рама.

Правејќи споредба со статистиката во европските земји Рама нагласи дека во Албанија има поголема безбедност од онаа во Италија или Грција.

Земјите во Европа имаат многу поголем број на убиства, констатираше Рама