Ние секогаш сме имале најдобри братски, пријателски, роднински намери и желби кон таа држава….Таа не може да се однесува така кон својата мајка-Бугарија. Кон нас треба да се однесува со почит, како и кон секоја друга држава, но таа не се однесува како кон секоја друга држава, туку се однесува со длабока омраза.
Ова меѓу другото за БНР го изјави членот на бугарскиот дел од заедничката-бугарско-македонска комисија за прашања од историјата и за учебниците, проф. Кирил Топалов.
-Многу луѓе ги мешаат Европската унија со Советскиот сојуз. Мечтите на нашите пријатели и роднини од Република СМакедонија, ЕУ да ни наложи да ги пуштиме да започнат преговори, се доста суетни и неостварливи, изјави Топалов.
Тој додаде дека на ЕУ и је јасно дека „таа држава не се реформирала ниту милиметар од тоталитарниот комунистички модел во бивша Југославија, што ја формирал и ја управува до денес“.
–РСМ е најнереформираната држава од бившите југословенски републики, изјави Топалов.
Според него, ако една нереформирана тоталитаристичко-комунистичка држава влезе во ЕУ, таа ќе биде Тројански коњ на Русија и на сите сили, кои сакаат да ја дестабилизираат ЕУ.
Comments are closed for this post.