Министерот за здравство на Грција, Всилис Кикиљас, од амбасадорката на Кина во Атина, прими донација од 50 илјади медицински маски,од кинеската заедница и кинеските компании во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас окри дека в сабота со лет на Ер Кина во Атина ќе стигне уште поголема помош од кинеските компании и од државата

Во однос на актуелната ситуација истакна дека „кризата е пред нас, а следните денови, седмици и месеци ќе бидат тешки“ и побара од сите да бидат сериозни и одговорни во справувањето.