Од страна на бугарските политичари се подготвува предавство на каузата „Македонија“. Но, за тоа тие нема да ја добијат неопходната цена. Соодветната држава (мисли на САД-н.з.) не подготвува соодветна компензација. Од тебе се бара ти да отстапиш. Тоа е!

Ова во интервју за Епицентар.бг го изјави лидерот на Бугарското ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Повод за интервјуто е последната изјава на американскиот специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да го користи двостраниот договор за да ги стопира напорите на С.Македонија кон ЕУ“.

-Прво, целата изјава на Ескобар е скандалозна, но за жал, Американците така се однесуваат. И на тој начин не стекнуваат пријатели. Тие мислат дека така ќе придобијат повеќе пријатели во Скопје, но ќе ги загубат пријателите во Бугарија. Јасно е дека Американците имаат интерес од влегувањето на Албанија и Македонија во ЕУ. Нивната логика е дека ако Македонија влезе во ЕУ ќе се спречи руското влијание на Балканот. Тоа е исклучително наивно. Ќе поставам едноставно прашање-дали нема руско влијание во Србија, откако таа во 2014 година ги започна преговорите со ЕУ? Напротив! Русија купува руски авиони, ракети, учествува во руски воени вежби итн. Во Црна Гора, која е членка на НАТО, на власт дојде проруска партија. Тоа се спорадични шеми, кои се подготвуваат во кабинети во Вашингтон, нив не ги интересира што мислат Бугарите и каков е бугарскиот итерес, вели Каракачанов.

Одговарајќи на прашањето дали тоа не е еден вид дикатт, зашто г-динот Ескобар директно ни наредува дека преговорите на РСМ со ЕУ треба да започнат уште во текот на оваа година, Каракачанов вели:

-Не е само диктат, тоа е недозволено мешање во внатрешните работи на една суверена држава, каква што е Република Бугарија. Дотолку повеќе што таа држава ти е сојузник. А, неговото тврдење дека Бугарија еднострано го искористила тој двостран спор, не е вистина. С.Македонија сака да влезе во ЕУ плукајќи и водејќи политика против членки на ЕУ, меѓу нив и Бугарија. Во ЕУ има правила за влегување и едно од нив е сите земји-членки да се согласни. Вториот услов е да бидат решени двостраните спорови. А, споровите меѓу Бугарија и С.Македонија е само што не се решени, туку тие ескалираат. Жално е што еден амирикански чиновник националните интереси на Бугарија ги гледа како спорни.