Претседателот на Бугарија Румен Радев на средбата со комесарот за проширување Оливер Вархеи  не само што не го оменкна тонот кон Македонија туку и наметна ново барање.

Според Радев во Македонија живеат 120.000 Бугари кои воедно се и европски државјани и затоа Унијата има обврска да го гарантира нивното право на самоопределување. Тој на Вархеји му посочил дека Бугарија веќе не им верува на празните ветувања од Скопје туку бара целосно спроведување на договорот за доброседство и одлуки кои ке бидат правнообврзувачки, во спротивно нема напредување во процесот на интеграцијата.

„Ова, исто така, ќе го забрза процесот на европска интеграција за Република Македонија. Румен Радев потсети дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува и нашиот сосед сè уште не ги решил проблемите со говорот на омраза и конструирање лажна слика за Бугарија во учебниците, музеите и спомениците, како и кон граѓаните на земјата кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, се вели во соопштението од средбата на Радев со Вархеји .