Хашкиот затвореник Радован Караџиќ во рацете на српската полиција падна со лажен идентитет. Тој во Србија со години се претставувал како Драган Бабиќ, доктор психијатар и бионергичар. Но, не бил далеку од вистината.Пред неколку години во Хаг го посетила познатата американска професорка Џесика Стерн и таа се уверила дека навистина има надприродна моќ.

Стерн вели дека долги години ја чувала оваа тајна и решила да ја сподели за тоа како се одвивала една сеанса во Хаг со докторот Бабиќ или пак со Караџиќ-како сакате.

Застана позади мене и ги стави рацете над мојата глава.Осетив како рацете ги мрда напред назад. Во главата осетив некое електирично загревање. Нешто ми се сврти во главата.Ме праша што чуствувам во дланките.Му реков ништо-но всушност лажев. Се засрамив.Во дланките како да ми растеа чемпреси-раскажува професорката.