Панос Каменос, лидерот на Независни Грци (АНЕЛ) на годишниот собир на младите партиски членови рече дека најверојатно наредните избори ќе бидат и парламентарни и за европскиот парламент.

Тој истакна дека Преспанскиот договор врши поделби и влијае негативно на сите нивоа и пртиоа повтори дека доколку договорот дојде во парламентот за ратификација, АНЕЛ ќе се повлече од владината коалиција. Притоа тој ќе го истакне прашањето за партиска дисциплина, со што нема да се дозволи никој да ја злоупотребува АНЕЛ.

Во говорот Каменос подвлече дека доколку Преспанскиот договор дојде во парламентот, односно доколку биде изгласан во македонскиот парламент, „тогаш ќе дојде време да реагира претседателотна Републиката“, односно да се реагира доколку во договорот има иредентизам „тоа да биде блокирано од Советот на политичките лидери“.

Каменос не пропушти да каже и нешто за Никос Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи, за кого рече дека предводи „ВИП партија“, човек кој не е е избран од народот и притоа праша од каде му се парите.