Бугарија го потпиша договорот вреден 1,2 милјарда евра за изградба на бугарскиот дел од Турски тек со конзорциум кој го предводи „Аркад инженеринг“.

Договорот се однесува на делница долга 474 километри која е трасирана од јужната граница на Бугарија со Турција со западните граници со Србија, рпенесува Асошиејтед прес.

Бугарскиот дел од гасоводот ќе пренесува гас за Србија, Унгарија и Австрија.

Конзорциумот предводен од саудискиот изведувач на работите „Аркад инженеринг“ победи на тендерот за изградба на гасоводот низ Бугарија во април, но бугарскиот оператор „Булгатрансгас“ во мај соопшти дека „Аркад“ не доставил целосна документација во предвидениот рок и дека ја дисквалификува таа компанија.

Бугарскиот оператор потоа потпиша договор со друг понудувач, компанијата „ЏД конзорциум за развој на гасот и проширување во Бугарија“, која е ибрана за нов изведувач на работите.

Компанијата „Аркад“ се жалеше на одлуката на „Булгатрансгас“ пред Комисијата за заштита од конкуренција и го доби спорот во јуни.