Утре во Обединетите Арапски Емирати ќе се знае дали Косово ќе стане членка на Интепол. Иако во последне момент Русија се обидуваше да издејствува оваа точка да не биде на дневен ред, тоа нема да се случи.

САД и Франција се главните заговорници Косово да стане дел од светската полициска организација и лобираат кај голем дел земји да го дадат својот глас. Српските медиуми веќе објавија дека властите на Косово ги подмитуваат со златни часовници и милионски суми пари.

Србија стравува дека доколку Косово стане членка, тоа значи дека Хашим Тачи и Рамуш Харадинај за кои тие имаат распишано потерници слободно ќе можат да патуваат, а згора на тоа ќе биде загрозена и безбедноста на Србите кои живеат на Косово.

Неизвесно е како ќе гласаат земјите од регионот, но и Македонија.Досега нема никаква официјална информација каков ќе биде нашиот став.