Излегуваат нови информации за обидот за труење на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ кој поседува македонски пасош. Како што пишува весникот „Блиц“.  

четири лица се теретат дека сакале да го убијат Вукотиќ со цијанид додека тој бил во притвор во Белград. Во групата е и еден Македонец, извесен Марјан Димитријевски, потоа Марко Дракула, Немања Милутиновиќ и Никола Јовановиќ, сите од екипата на Џони од Врачар.

Тие се теретат за обид за убиство бидејќи преправени во полицајци ја пресретнале сопругата на Вукотиќ и сакале да и подметнат цијанид во храната што ја носела за сопругот.