Албанската полиција, во два одделни случаja, уапси двајца странски државјани барани со меѓународна потерница, јави дописничката.

На меѓународниот аеродром во Тирана уапсен е 41-годишниот италијански државјанин, Александро Џорџи баран со меѓународна потерница распишана од Интерпол-Франција. Тој се бара за кривично дело „измама“, а бил запрен на аеродромот по слетувањето на авионот кој летал на релација Рим-Тирана.

Во меѓувреме, при излез од Албанија, државјанка на Србија е уапсена на преминот Муриќан на албанско-црногорската граница, врз основа на меѓународна потерница изадена од Интепрол-Србија.  Станува збор за 42-годишната Оливера Павловиќ од Врање, која од локалниот суд се бара за кривично дело  „трговија со луѓе“.

За двете лица се преземаат потребните мерки за екстрадиција во земјите од каде се бараат.