Говорејќи за можноста Косово да стане член на таа меѓународна организација, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ рече дека не сака да биде оптимист во врска со тоа.

Ако сакате да бидам циничен, речиси цело раководство на Косово е веќе на Интерпол- на потерници, рече Дачиќ.

Српскиот министер повтори дека на Приштина не и целта да влезе во таа меѓународна организација со цел да се бори против криминалот, туку за да покаже дека Косово е независно. Тој додаде дека Западот можеби на Косово му ветил примање во Интерпол, но дека треба да се почека гласањето.