Експерти објаснуваат дека нуркачите на Жандармеријата се во голема опасност при пребарување на реката. Нуркачот тоа го прави така што со едната рака подава за да си ја заштити главата и маската, а со другата рака го допира дното бидејќи нема видливост, а за безбедност цело време е врзан со јаже. Поради ниската температура поминува најмногу 30 минути под вода.

Во потрагата на копно биле вклучени и две кучиња од полициската бригада, германските овчари Олаф и Аки Маки. Кога ќе помирисаат човек, можат да го најдат и на два километри, а четиригодишниот Олаф е тој што го нашол телото на убиената пејачка Јелена Марјановиќ во Борча.