Во екслузивно интервју за српскиот магазин „Недељник“ Ивица Тодориќ, основач и поранешен сопственик на „Агрокор“, од егзил во Лондон, проговори како преку ноќ му пропаднала бизнис империјата.
Јас ништо за себе не земав од „Агрокор“. Создадов огромно богатство, а немав 10.000 евра во готово. Пред 12 години живеев со децата и родителите во стан, а сега имам само дел од куќа. Никогаш не работев за пари, да работев, тогаш парите ќе ги имав, раскажува Тодориќ.
Тодориќ ги отфрла сите обвиненија на негова сметка околу работите поврзани со „Агрокор“.
Не сум земал ни евро, а тие ме обвинуваат дека сум земал 12 милијарди. Бог да чува! Не можете да замислите што се ми бараа. Тие влегоа во „Агрокор“ и ги земаа сите мои документи. Потоа почнаа да ме тужат за богатство, па мораше да одам по судовите во Ангилија и да документирам што поседувам од имот, продолжува Тодориќ.
Тој смета дека во „Агрокор“ вплеткана е геополитика, политика но и лични интереси.
Во „Агрокор“ се вплетка геополитика. Ма сè се вплетка. Тешко е да сфатите колку геополитика, колку политика, колку лични интереси… Но ви тврдам и тоа можам да ви го приложам, „Агрокор“ работно немаше никакви проблеми. Да имавме проблеми, но месец дека по жестоките медиумски хајки и напади, вели Тодориќ.
Во интервјуто опишува и кога и како хајката врз него и „Агрокор“ почнала.
Прв пат доживеав шок на 10 февруари 2017. Тогаш за прв пат е кажано нешто лошо за „Агрокор“. Рускиот амбасадор рекол дека фирмата има проблеми. Подоцна дознав дека тој истиот ден бил во Владата на Хрватска. Кај мене на 16 март дојде потпретседателката на владата Мартина Далиќ. Ми рече: Тодориќ, ти треба својот удел да го префрлиш на некој СВП. Тоа да го потпишеш кај нотар. Потоа ќе дојде собрание на доверители и нов надзорен орган, а ти Тодориќ, замини од фирмата. Внимавајте, таа мене ме брка од мојата фирма. Тогаш сфатив дека мојата држава се организирала против мене, наведува Тодориќ.
Во четвртокот, судот во Лондон по жалбата поднесена од адвокатите на Тодориќ одлучи дека нема основа за одобрување на жалбата на одлуката за екстрадиција. Со тоа, основачот и поранешен сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ во следните десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска.
Comments are closed for this post.