Хрватското Министерство за одбрана побара од Израел до 11 јануари официјално да го информира може или не да ги испорача авионите „Ф-16“ чие купување е договорено. Во случај тоа да не се случи, Хрватска ќе ја поништи одлуката за нивно купување.

Кога Израел официјално ќе не извести за наведеното, благовремено ќе ја запознаеме хрватската јавност, се наведува во соопштението на Министертвото за одбрана.

Од Министерството истакнуваат дека Хрватска овој сложен проект го водела на “системски, професионален и транспарентен начин“, водејќи се исклучиво на хрватските национални интереси.

Неодамна министерот за одбрана во оставка Џејмс Матис, го одби барањето на Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху, САД малку да „омекне“ околу продажбата на израелски авиони на Хрватска.

Секоја израелска продажба на американска воена опрема на трети страни мора прво да биде одобрена од САД.