Поранешниот британски дипломат Тимоти Лес смета дека Република Српска конечно треба да се одвои од Босна и Херцеговина, наведувајќи две причини.

Едната причина е тоа што Србите се екстремно незадоволни од заедничкиот живот, чувствуваат дека безбедноста им е загрозена под политиката на Сараево и длабоко се повредени од наметнатите одлуки, особено за време на управувањето на Педи Ешдаун, што дополнително ги одвои од БиХ. Втората причина е поради промената на меѓународното опкружување, оцени Лес.

Според него, последните 20 години Западот имаше надмоќ над Босна и ги држеше двете опции затворени, што значи дека босанските Срби доколку сакале да се дистанцираат од Сараево тоа не им било дозволено.

Европската унија денес се соочува со пропаѓање и минимално влијание во Босна поради фактот што не планира проширување. Се намалува и интересот на САД за Балканот. Тоа создава ситуација во која босанските Срби имаат можност да ја истуркаат својата идеја за одвојување, вели Лес.