Шесткратниот убиец од Хрватска извршил самоубиство, објавија хрватските медиуми. Такси-возилото „Шкода Октавија“ што го управувал е пронајдено покрај навидум напуштената зграда во областа Брезовица. Хрватските медиуми пренесуваат дека ужасното злосторство го извршил Игор Наџ роден во Вуковар 1983 година.

Тој убил три жени, двајца мажи и едно 10-годишно дете. Ова се чини е едно од најтешките злосторства по независноста на Хрватска.

Познати се и имиња на четири жртви: Драгомир Тојагиќ, Јосипа Тојагиќ, Фиjка Тојагиќ и Маја Тојагиќ.

Сестрите Маја и Јосипа беа убиени, а 10-годишнoто дете најверојатно бил син на Маја.

-Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот кој потоа извршил самоубиство, пренесува Морнинг.

Според Индекс.хр, Игор бил момче на Маја, која за осум дена требало да наполни 35 години. На адресата на која се случило убиството е регистрирана фирма Јури Жури, на која како сопственик се јавува Игор. Фирмата била регистрирана годинава.