Министерот за надворешни работи на Албанија, Сандер Љешај се сретна денес со својот македонски колега Оливер Спасовски во Општината Пустец, населена со Македонци. Министрите разговарале за асоцијативниот процес со ЕУ и притоа истакнале дека во октомври очекуваат датум за старт на преговори за членство.

Во врска со борбата со високата корупција, Љешај рекол дека условите се исполнети.

На новинарско прашање за случајот со уапсената сепцијална обвинителка Катица Јанева, Љешај рече дека Албанија има сличен сличај со поранешниот јавенј обвинител Адриатик Љала кој се наоѓа под истрага.

„Бидејќи го спомнавте случајот со уапсената обвинителка на Северна Македонија, колку што мене ми е познато поранешниот јавен обвинител на Албанија е исто така од истрага. Ние ги исполнивме критериумите за почеток на преговори за членство. Се уште немаме датум за преговори и за двете земји. Одлуката очекуваме да биде доонесена во средината на октомври“, изјави Љешај.