Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми како на границите така и во маркетите.
Граѓаните се жалат дека еврото им направило многу проблеми во пресметките на цените. Со претварањето од куни во евро излегува дека сите цени зголемени. Поради тоа првиот месец цените ќе бидат испишани и во куни и во евра.
Влезот на Хрватска во Шенген зоната создаде километарски гужви на сега надворешните граници на ЕУ со соседите.Патници од Србија и Македонија се жалат дека седат и по десет часови на граница и оти немаат каде да купат ниту вода.
На граничните премини со Србија се чека и до шест часа, а ништо не е подобро при влез во Хрватска од БиХ, каде се чека и до четири часа.
Comments are closed for this post.