Приштина треба да ги укине таксите за производите од Србија и од Босна и Херцеговина, за да не ги влоши односите со САД, смета заменик премиерот на Косово, Енвер Хоџај.

Зборувајќи за телевизијата РТК2, Хоџај истакна дека мерката воведена во ноември минатата година носи резултати, затоа што ја ослабела српската економија, но дека тоа не едоволна причина да се нарушат односите со САД и со Еу, како и да бидат блокирани преговорите со Србија.

Сметаме дека треба да се стопира данокот на период од 120 денови, што ќе овозможи конечен договор. Доколку тоа не се случи, тогаш треба да го вратиме данокот“ – посочи  Хоџај.

Косовскиот заменик премиер истакна дека укинувањето на таксите треба да се направи во духот на напорите за продолжување на преговорите, што е во интерес и на Косово и на Србија.