Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека формалното признавање на Косово од страна на Ватикан ќе ја круниса целокупната посветеност за осигурување на мирот и стабилноста на Западен Балкан и во Европа.

Тачи во Њујорк имаше состанок со државниот секретар на Светата Столица, Питро Паролин.

Тој се заблагодари на поддршката која Светата Столица ја нуди на косовскиот народ, за време и после судирите.

Народот на Косово секогаш се води по вредностите на толеранцијата, мирот и соживотот. Благодарни сме на поддршката која Светата Столица ја дава на граѓаните на Косово. Остана само признавањето од Ватикан, изјави Тачи.

Тој го запознал, како што е соопштено, секретарот Паролин со верската хармонија во Косово, за соживотот на заедницата, вредностите на кои е изградено Косово.

Од друга страна, Паролин изјави дека Светата Столица се залага за мир, толеранција и стабилност на Косово.