Претседателот на Србија Александар Вучиќ e убеден дека Велика Британија стои зад немирите во Митровица пред неколку дена.
Случајно или не специјалните воени сили на Велика Британија наречени Гурки пристигнаа на Косово со изговор да ги обучуваат косовските трупи. Гурките се војници од непалска народност кои се регрутирани во војските на Британија, Непал, Индија или пак во организациите како Гуркшки контингент во Сингапур, а исто така и во мировните сили на Обединетите нации и во разни воени зони низ целиот свет.
Од историски аспект, термините „Гурка“ и „Горкали“ биле синоними за „Непалец“ кој потекнува од ридовите на Гуркшкото кралство преку кое тогаш новоформираното Кралство Непал се проширило под власта на кралот Притхви Нарајан Шах.
Гурките обично се поврзуваат со симболичниот традиционален непалски нож Кукри и имаат репутација на бестрашна војна моќ. Поранешниот шеф на Индиската армија Сем Манекшоу еднаш изјавил дека „ако некој маж вели дека не се плаши да умре, или лаже или е Гурка.
Comments are closed for this post.