Приходите од туризмот во Грција во првите шест месеци од годинава изнесуваат 5,5 милијарди евра, покажуваат податоците на Грчката народна банка. Ова претставува зголемување од 15,3 отсто од 4,77 милијарди забележани во истиот период од минатата година.

Растот на приходите од туризмот придонесе и за раст на транспортот, особено на превозот, за 7,3%.

Истовремено, увозот пораснал за 4,2 отсто и достигнал 27,8 милијарди, додека извозот е зголемен за само 1,6% и изнесувал 16,2 милијарди евра.