Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја е центарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Според него, зачленувањето на Грција во „Иницијативата 16+1“, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, ја потврдила водечка улога на Грција на Балканот и ја обновила репутацијата.

„Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи“, рече Ципрас, додавајќи дека Грција е денес земја која сите ја признаваат, која излезе од големи економски тешкотии и проблеми и ја врати репутацијата.

Ципрас истакна дека Грција требала да биде членка на Иницијативата од 2012 година, но дека Кина и други 16 земји не ја прифаќале токму поради „конфликтот” со северниот сосед, кој беше во таа организација, но под своето старо име.

„Грција очигледно не можеше да учествува“, рече Ципрас, додавајќи дека сите во Грција верувале дека грчката позиција за името на северниот сосед сите ја следат, а што беше погрешно.