Министерката за туризам на Србија, Татјана Матиќ и министерот на Грција за туризам, Харис Теокарис, се усогласија на денешниот онлајн состанок за потпишување на заеднички Меморандум за разбирање на полето на туризмот во услови на пандемијата на КОВИД-19 кој ќе ги дефинира условите за влез на патниците од Србија во Грција, односно од Грција во Србија во периодот од 1 мај до 1 октомври 2021 година.

Министерката Мартиќ по тој повод соопшти дека е договорено Меморандумот да предвиди меѓусебно признавање на електронски серфитикати за вакцинација.

„На тој начин ќе биде овозможен влез на граѓаните од двете земји кои се вакцинирани, додека за граѓаните кои не се вакцинирани ќе биде задолжителен PCR или антигенски тест. Исто така, на граница ќе се прават брзи тестови“ објасни мнистерката.

Таа напомена и дека граѓаните кои досега не можеле да остварат заменски патувања за Грција, а кои склучиле договори со туристички агенции, ќе можат тоа да го направат до 31.12.2021 година.

„Отворањето на грчките граници за нашите граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосна нормализација на нашите животи, но и уште една потврда за длабоко и вистинско пријателство и извонредни билатерални односи меѓу Србија и Грција“ порача Матиќ.

извор: (Bizlife)