Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија, а Агенцијата за безбедност на храната воведе вонредни мерки за контрола по информацијата за жаришта на африканска чума кај свињите во Бугарија.
Се вршат строги контроли на граничните пунктови и целосно е забранет увозот на свинско месо и производи.
Засега нема регистриран случај во Грција, соопшти Министерството за земјоделство. Експерти претпоставуваат дека вирусот би можел наскоро да ги зафати и фармите за свињи во Грција.
Македонија како превентива за заштита од болеста донесе решение за предвремено отворање на ловната сезона на диви свињи.
Агенцијата за храна, пак, издаде препорака до граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло.
Comments are closed for this post.