Африканската свиснска чума се појави во соседството но малкумина знаат за каква болест всушност станува збор. Оваа болест не е опасна за човекот но е смртоносна за стоката и каде ќе се појави животните мора да бидат уништени.

Болеста се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектори односно преку крлеж.

Најмногу се пренесува преку дивите свињи и затоа се препорачува сите ловџии ако најдат угинато животно тоа да го пријават и по одењето на лов најмалку 48 часа да немаат контакт со место каде се чуваат свињи.