Алармантна ескалација е забележана во ученичката мобилизација, повеќето во училиштата во северна Грција, која се фокусира на Македонија, објави „Ефимерида“.

Весникот пишува дека преку Фејсбук и со СМС пораки учениците се мобилизираат за национален собир кој треба да се одржи в четврток. Она што се посочува е дека во „испратените пораки на мобилните телефони може да се забележи застрашувачка сличност со Златна зора“.

Исклучително. Повик за следниот четврток (29 ноември н.з.) за национална окупација на сите училишта во земјата во име на националните прашања, Македонија, Кацифас (неодамна убиен од албанската полиција н.з.) и Северен Епир. Кажете им на сите, на вашите 15-члена клубови, на родителските клубови и поставете окупација. Не се плашете од криминални прашања. Не берете гајле.

Во исто време на Фејсбук тимот „Координативен комитет на ученици за Македонија“ подготвува мобилизација за 29 ноември. „Прошетката“ ја закажуваат за 11 часот, а собирното место им е закажано пред споменикот на Елефтерос Венизелос во Солун.

Претставници на неколку училишта, во меѓувреме се пожалиле дека „деновиве нашите школи се цел на кампања на десничарски активисти и националисти“. Според наставниците, целта им е да формираат студентски водови, а отворено или скриено дејствувала и неонацистичката Златна зора.

Треба да ги одбраниме училиштата и младите генерации од отровниот национализам и фашизмот, предупредуваат наставниците.