Претседателот на Албанија, Илир Мета, денес изразил задоволство од тоа што можел да се сретне со Албанци во Рожаје, Црна Гора. Мета изразил воодушевување од природните убавини на регионот и подвлекол дека „сите ние треба да придонесеме за остварување на сонот на децата, како и на сите албански деца каде и да се“.

Убавините на ова место и љубовта на жителите кон тоа место, каде нивните предци биле родени, за јазикот и за националното знаме, сметам дека тоа во иднина ќе значи повеќе за соништата на децата од Рожаје. Сите ние треба да научиме да живееме со тешкотиите во реализирањето на детските соништа на тие деца, и на сите албански деца каде и да се, изјави Мета, кого го пренесува Албаниан дејли њуз.

Прашањето е дали зад овие пораки на албанскиот претседател се крие извесна смислена стратегија, затоа што многу слични пораки испрати и од Македонија, поточно од битолско Меџитлија и од Скопје, каде Мета „леташе орли“ со своите собраќа.