Во серизони инциденти што траеа речиси четири часа, грчката полиција уапси 19 лица, а неофицијално повредени се двајца полицајци, додека пак група маскирани лица го запали грчкото знаме.

Инцидентите во кои беше предизвикана и материјална штета, се случија доцна синоќа, по завршувањето на протестниот марш во Атина за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта.

Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до Амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде што се наоѓа Политехничкиот факултет.

Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски сили одговорија со солзавец, шок бомби и топови со вода.

Нападите кон полицијата со молотови коктели и пиротехнички материјали имаше и од објектот на Политехничкиот факултет во кој се наоѓаше поголема група млади лица.

Полицијата фрлаше солзавец и шок бомби, но одговори и со топови вода од специјалното возило на грчката полиција.

Претходно,на крајот од протесниот марш, инциденти се случија и во близина на централната зграда на грчката полиција, каде што беа приведени осум лица.