Еден маж убил три лица, по што еден час подоцна си го одзел животот со бесење. Трагедијата се случила во местото Сукошан во непосредна близина на хрватскиот град Задар.

Како што јавуваат локалните медиуми, злосторството го извршил 60-годишниот Ч.К. кој со ладно оружје ја убил сестра си, нејзиниот син и нејзината свекрва.

По тројното убиство, во обид да избега, убиецот околу еден час кружел со мотроцикл низ селото, коешто не можел да го напушти поради полициската блокада, по што се обесил во поле над селото.

Полицијата доби известување дека е пронајдено мртво тело во улицата Младен Велаславиќ во Сукошан, а по излегувањето на лице место откриени се вкупно три мртви тела, две жени родени во 1937 и 1954 година и едно машко лице родено 1981 година – се наведува во известувањето иод полицијата.