Во Црна Гора е одбечежена стогодишнината на „Божиќното востание“, кое и во денешно време предизвикува контроверзи. За време на свечената академија организирана во рамки на прослвата, црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, оцени дека од тој настан „почнала одбраната на достоинството и правото за самостојност на црногорскиот народ“.

Марковиќ истакна и дека во современа Црна Гора се потребни сеќавањето и пиететот кон славните претци и нивното дело, затоа што, како што изјави, без тие темели не би постоела денешната Црна Гора и нејзиното име ќе беше исчезнато. Премиерот додаде и дека „херојската жртва“ на божикните востаници, како и „тешките страдања на црногорските фамилии“ во годините на тереор што уследиле, добиле заслужен спомен со обвовата на црногорското име и црногорската држава на 21 мај 2006 година.

Во рамки на одбележувањето на еден век од Божиќното востание, на улиците на Цетиње се одржа и „комитски марш“ на кој покрај знамиња, присутните носеа и портрети на протагонистите на комитското движење.

Водачи на бунтот, што се случи на 6 јануари 1919 годфина на Цетиње, беа Јован Пламенац, Крсто Зрнов Поповиќ и Новица Радовиќ. Во народот познати како „зелени“, тие се бореле против „белите“ и одлуките на Подгоричкото собрание за безусловно обединување со Србија и се залагале за зачувување на идентитетот на независна Црна Гора и династијата Петровиќ-Његош, која би имала можност преку конфедерален или федерален модел да се придружи на југословенската заедница на народите, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.