Германија немала конкретни предлози по прашањето за односите на Србија со Косово, а немало ни „црвени линии“, рече одговарајќи на новинарско прашање, премиерката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, после разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа објасни дека со Меркел имале многу отворен состанкок и дека е важно да се зборува аргументирано, но и да се разбере од каде потекнуваат политичките несогласувања и дали се засновани на вистински опасности.

Се додека имаме добри разговори, секогаш постои надеж да најдеме заедничко решение и да се сложиме околу тоа како би можело да изгледа тоа компромисно решение, рече премиерката.

Брнабиќ ги отфрли како неточни шпекулациите кои се појавија во српските медиуми дека постои одредена „понуда“ на Германија, а тоа е Србија да го признае Косово, а за возврат да добие голема инвестиција.

Апсолутно нема никаква вистина во тоа. Германските компании не зависат од германската фржава. Дури ни некој кој е толку влијателен и кредибилен како што е Ангела Меркел не може да влијае на тоа каде германските компании ќе инвестираат, рече Брнабиќ.