Евро-пратениците од ГЕРБ/СДС во Европскиот парламент Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Асим Адемов, Ева Мајдел, Емил Радев и Александар Јорданов испратиле писмо до своите колеги и до аврокомесарите во кое велат дека техничката влада делува како предизборен штаб на претседателот Румен Радев за претстојните есенски претседателски избори во Бугарија.

-Методите, што ги користат, се исти како оние, што беа користени од комунистичката полиција, со кои ги репресираа своите политички опоненти, пишуваат бугарските евро-пратеници.

Во своето писмо евро-пратениците истакнуваат дека актуелниот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, го користи терминот „бивши луѓе“, со кој комунистичкиот режим ги означувал противниците, кои биле праќани во работни логори или во смрт.