Европската комисија исплати вкупно 14,1 милијарди евра на 12 земји-членки за поддршка на трошоците од зголемување на јавните расходи, со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на Ковид-19.

Ова е седма транша помош за која средствата се обезбедуваат со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот финансиски пазар.

Со денешната исплата – Белгија доби две милијарди евра, Бугарија 511 милиони евра, Кипар 124 милиони евра, Грција 2,54 милијарди евра, Шпанија 3,37 милијарди евра, Италија 751 милиони евра, Литванија 355 милиони евра, Летонија 113 милиони евра, Малта 177 милиони , Полска 1,56 милијарди евра, Португалија 2,41 милијарди евра и Естонија 230 милиони евра.

Сите земји-членки на ЕУ кои побарале да го користат тој механизам за помош добиле дел или целата барана сума.  Вкупно 19 земји-членки на ЕУ треба да добијат 94,3 милијарди евра финансиска поддршка, а земјите-членки се уште можат да аплицираат за финансиска поддршка според програма која е со вредност до 100 милијарди евра.