Во Специјалниот суд вчера се одржа судење за поранешните претставници на Земунскиот клан Сретко Калиниќ и Милош Симовиќ. Тие се осудени поради учество во атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ.

Но сега излегоа на суд поради свои нерасчистени сметки во 2011 година.Тогаш во Загреб Милош пукаше врз Симовиќ кој е наречен Звер.

Милош се сомневал дека Звер имал афера со неговата сопруга Ана Симиќ што и самата го потврдила.Таа рекла дека имала афера со Сретко бидејќи се чуствувала осамено и запоставено.

На судењето Сретко рече дека му простува на Милош бидејќи и онака е казнет што е  во брак со Ана која од „милост“ ја нарекува Чичолина како италијанската порно актерка.

Во криминалните гругови Ана е наречена „црна вдовица“ која го раскарала Земунскиот клан.