Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган зборувајќи за купувањето на одбранбениот систем С-400 кој неговата земја го набавува од Русија, порача дека тоа дефинитивно е завршена работа и оти Турција нема намера да прави чекор назад, јави агенцијата Анадолија.
„Кога станува збор за системот С-400 воопшто нема збор за правење чекор назад, бидејќи тоа е завршена работа, порача Ердоган, додавајќи дека системот ќе ѝ биде испорачан на Турција.
Турскиот претседател додаде дека порано или подоцна ќе бидат испорачани и бомбардерите Ф-35. Земјата од 2011 година го интензивираше јакнењето на воздушните одбранбени капацитети поради безбедносните закани во регионот.
По пропаднатите преговори за купување на американскиот противвоздушен систем Патриот, Турција во 2017 година одлучи од Русија да го купи софистицираниот одбранбен систем С-400. Таквиот потег на Анкара предизвика негодување кај Вашингтон.
Низа американски воени функционери и аналитичари бараат од САД да не ѝ ги испорачува на Турција авионите Ф-35 доколку Турција ги добие руските системи С-400. Тврдат дека така Русија индиректно би можела да ги добие клучните параметри за американските бомбардери.
Comments are closed for this post.