Експлозија на метан се случи во рудникот „Соко“ кај Сокобања, јавува Танјуг.

Дел од јамата се урнал во рудникот за кафеав јаглен „Соко“ кај Сокобања, а рударите останале заробени, дознава РТС. Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјави дека загинале осум рудари, а околу 20 се повредени.

Како што јави РТС, повикувајќи се на неофицијални информации, има повредени, дел од јамата се урнала, а рударите останале заробени.

Експлозијата се случила во раните утрински часови.