Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на Захариева дека “славењето на Тито“ е некомпатибилно со ЕУ, Писонеро порача дека Комисијата „не коментира коментари“, но додаде дека „условите за зачленување во ЕУ се прилично јасни“.