Разврската на македонско-грчкиот спор би можел да биде пример за за Косово и Србија. Решението за спорот е во рацете на Белград и Приштина, вели сенатторот Рон Џонсон во интервју за Радио Слободна Европа. САД за разлика од Германија според Џонсон не подвлекле никакви црвени линии кога станува збор за промената на границите.
Германија подвлече црвена линија, но не и ние. САД го поддржуваат дијалогот што го предводи ЕУ во смисла на приближување на двете страни. Го поздравуваме дијалогот, но не подвлекуваме линии. Решението мора да дојде од страна на раководстото и народите на Србија и Косово. САД се тука за да го поддржат и охрабрат решавањето на спорот. Сакаме на раководството на двете страни да му дадеме простор да биде флексибилно и креативно, да пронајде решение за овој тежок проблем
Американскиот сенатрор вчера во Белград се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.
Comments are closed for this post.