На прес-конференција со францускиот сенатор Оливие Кадик, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека доаѓањето на францускиот претседател Емануел Макрон во Србија го очекува на почетокот од декември.

Српскиот претседател истакна дека посетата на Макрон  ќе биде голема и многу важна посета за Србија. Тој побара од Кадик да ги пренесе неговите поздрави до Макрон и рече дека францускиот претседател во Србија ќе биде пречекан на домаќински начин.

Ние сме сигурни дека во Белград ќе се чувствува одлично, а резултатите од посетата ќе бидат многу добри и за Франција и за Србија – смета Вучиќ.