Романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека не е добра идејата на Грција за сертификат за вакцинација од Кoвид-19 да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани, посочувајќи на можноста за дискриминација.

Тој додаде дека верува дека треба да постојат потврди за вакцинација, но дека мора да се користат од медицински причини.