На свечената вечера во Белград во чест на рускиот претседател Владимир Путин , шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ , вчеравечер повторно го зеде микрофонот и направи мини концерт.

Во чест на гостинот од Русија , Дачиќ на вечерата пееше руски песни и тоа ,,Калинка “ и ,,Рјaбинушка” . Како што се гледа на видеото кое го објави руската агенција Тасс , српскиот претседател Александар Вучиќ и членовите на неговата влада се видно расположени и му аплаудираат на Дачиќ , додека Путин се држи воздржано.

Претходно Дачиќ сличен настап имаше лани и пред турскиот  претседател Ердоган, кому му пееше песни на турски.