Српскиот имунолог Срѓа Поповиќ изјави дека корона вирусот кај многумина заболени ќе остави трајни последици во вид на фиброза на белите дробови, односно ќе остави лузни.

Тоа нема да се случи на секого во иста мера но многу индивдуални фактори ќе влијаат и тоа е поврзано со тежината на клиничката слика, но се случува и кај оние што полесно ја пребродија болеста-објаснува докторот.