Во Црна Гора во последните 24 часа починале 9 лица од последици од коронавирус, а од вечерва од 19 часот почнал полицискиот час кој ќе трае до 5 наутро, огостителските објекти и продавниците ќе затворат во 18 часот, со што започнува примената на построгите мерки кои ги донесе Нционалното координационо тело.
Црногорските власти одлучиле пред два дена дополнително да ги заострат мерките за запирање на коронавирусот, шт подразбира полициски час кој ќе бие на сила д 19 до 5 часот наутро.
Мерките донесени на 13. ноември предвидуваат и забрана за меѓуградски сообраќај од петок на полноќ до недела на полноќ, ограничување на групирање на отворено, забрана за верски собири, приватни собирања, свадби и други прослави. Се забрануваат и домашни посети.
Comments are closed for this post.