Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги стокми потребните гласови за да ја добие „битката за Преспа“ – според последните парламентарни математики тој обезбедил 152 гласа, а можеби и 153, еден или два повеќе отколку што му требаат за да има просто парламентарно мнозинство.

На страната на Ципрас и Сириза, кои имаат 145 парламентарни седишта, се додваат пратеници од Потами (Река), кои до синоќа беа ни таму-ни ваму, како и еден пратеник, од ДИМАР. Во џебот на Ципрас и се пребеганите пратеници од АНЕЛ на Каменос и независни.

Покрај претходните двајца пратеници од Потами, кои гласаа за доверба на владата на Ципрас, сега кон нив се приклучува и партискиот лидер Ставрос Теодоракис кој рече дека договорот е добар и же го поддржи. Кратко кажано – Ципрас ја добива битката за договорот, и грчкиот парламент е подготвен Преспанскиот договор да го ратификува.

Грчките медиуми не ја икслучуваат можноста да се случи некое изненадување во послдна минута, но тоа се чини се помалку веројатно, и тоа се виде и во битката при гласањето доверба за владата. Ципрас хируршки прецизно ги добива битките со опзицикиот лидер Мицотакис на фронтот, обезбедувајќи го потребното критично мнозинство.

Интересен е пресвртот кај лидерот на Потами, Теодоракис, кој изјави дека по анализите е констатирано дека Договор е добар.

Не постои ризик за Грција на нејзината северна граница.. Спротивно на тоа, треба да го насочиме вниманието кон источната граница. На економијата и се потребни инвестиции и силна поддршка од нашите пријатели во ЕУ и во НАТО. Оттука, нема да дозволиме крах на Ципрас, кого го сметаме за сериозен политички партнер, соопшти Теодоракис.