Нетрпеливоста меѓу владините партнери во Грција – Сириза и АНЕЛ се префрли и во јавниот сервис ЕРТ, каде имало конфликт во раководните структури. Таквата ситуација е решена со барање оставки од челните луѓе, по што тие ги напуштиле функциите, но вадејќи пред јавноста дел од валканите владини алишта.

Според заменикот министер за дигитално општество, Лефтерис Крескос, побарана била оставка од генералниот директор Василис Костопулос и неговиот заменик, Георгиос Таласинос. Претходно во едно ТВ интервју министерот Никос Папас изјави дека постои неконзистентност во куќата и таквата состојба мора да се надмине.

Таа неконзистентност е всушност очигледна нетрпеливост меѓу двајцата раководни луѓе кадри на Сириза-АНЕЛ. Василис Костопулос, вчера во оставката соопштил дека тој не бил задоволен од „проблематичниот начин на соработка во ЕРТ поради луѓето што се избрани од Сириза-АНЕЛ и поставени на клучни места“. Според Костопулос таму состојбата наликувала на „воена зона меѓу директорите и синдикалните лидери кои биле како два спротиставени кампа, а единствено нешто што им било задничко е што биле поставени од Владата.