Поранешниот амбасадор на САД во СР Југославија, Вилијам Монтогомери, во интервју за „Вечерњи лист“ открива детали за односот кој го имале со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Амбасадорот тврди дека цело време знаеле за шверцот на цигари што го прави Ѓукановиќ, но му прогледувале низ прсти затоа што им бил потребен во борбата против Слободан Милошевиќ.

ЦИА дури имала и план како да го спаси ако Милошевиќ реши да го ликвидира.

Во Цавтат во Хрватска имавме усидрен брод со екипа на ЦИА која требаше да го спаси. Брз глисер требаше да ги превезе на сигурно.Америански брод со ЦИА екипа-откри за првпат амбасадорот.